1. ШТО Е НЕПРИЈАТНО
Cover Image
Image tooltip text
Поврзете го поимот неубаво/не ми е убаво со непријатно. Дополнете дека непријатно значи неубаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (детето е тажно, исплашено, луто, загрижено, замислено и сл.). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога се чувствувате непријатно/неубаво. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој се чувствува непријатно/неубаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.