1. ШТО Е ПРИЈАТНО
Cover Image
Image tooltip text
Поврзете го поимот убаво со пријатно. Дополнете дека пријатно значи убаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (детето е весело, среќно, задоволно,мирно, се смее и сл.). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога се чувствувате пријатно/убаво. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој се чувствува пријатно/убаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.