Опишете ја лицевата експресија на момчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да каже како тој се чувствува кога неговите родители го гушкаат, или некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како му изгледа лицето) кога тие личности го гушкаат. Во согласност со можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете и да ги дискутирате ситуациите во кои родителите го гушкаат (Кога те гушкаат мама/тато? Дали ти е убаво/пријатно тогаш? И сл.). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја практикува спонтано за да дискутирате како тој се чувствува.
Убаво ми е кога мама и тато ме гушкаат.
Кога мама и тато ме гушкаат мене ми е пријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е пријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/4_0.jpg