11. ШТО Е НЕПРИЈАТНО
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето на илустрацијата (многу му е ладно, не се смее, не му е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се тресе, телото е собрано, згрчено, се обидува да се стопли и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашето дете/ученик/роднина/корисник му е ладно (кога е зима, кога дува ветер, кога врне, кога има снег и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е ладно. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице и тело кога нему му е ладно. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.