Опишете ја лицевата експресија на момчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да каже како тој се чувствува кога со неговите родители се шета или со некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како му изгледа лицето) кога со тие личности шета на различни места (парк, планина, кеј, плоштад и други места на кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник сака да се шета). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја практикува спонтано за да дискутирате како тој се чувствува.
Убаво ми е кога со мама и тато шетаме во парк.
Кога со мама и тато шетаме во парк мене ми е пријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е пријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/5_0.jpg