Вештини за здравје и благосостојба
Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support
Thematic Area Description
Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support
Thematic Area Quiz Description
How well do you handle peer-pressure, make good decisions, and deal with social media? Do you know how to find support?
17. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека миењето на рацете, односно одржувањето на лична хигиена при секое ставање на влошка е многу важно. Посочете дека миењето на рацете е потребно поради допирањето на гаќите, при ставање на влошката.
16. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека е многу важно опаковката и хартијата од влошката да се фрла само во корпата за отпадоци. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека во спротивно, доколку истите ги фрли во шољата, таа ќе се затне. Доколку во WC нема корпа за отпадоци, тогаш посочете ја просторијата во која има корпа за отпадоци, во која може да ги фрли опаковката и хартијата (кујна, надвор пред влезна врата, двор и сл.). Користете модел за демонстрирање (хартија од влошка) за да го претставите движењето, односно фрлањето на хартијата и опаковката од влошката. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.
15. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте родител дозволете и на Вашата ќерка да се погледне во огледало, откако ќе ги облече гаќите со влошката. На тој начин ќе допие јасна претстава како изгледаат гаќите на нејзиното тело со ставена влошка.
13. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Важно е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да знае како изгледаат гаќи на кои влошката е добро наместена. Односно да знае каде треба да биде позиционирана влошка во однос на предната и задната страна на гаќите.
12. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Демонстрирајте го лепењето на крилцата на гаќите, за да може Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да види во кој правец истите се лепат. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посечете дека крилцата спречуваат влошката да се собере на гаќите, згужва при одење, седење, скокање, трчање и сл. На наместена влошка симулирајте капење на крв со обоена црвена вода. На тој начин визуелно ќе го претставите впивањето на влошката, односно нејзината улога и потреба од нејзино носење. Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе добие претстава за функцијата на влошката, како бариера меѓу гаќите и вагината.
11. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Допрете ја лепливата страна од крилцата на раката на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Така таа ќе почувствува дека таа страна од крилцата лепи и полесно ќе може да запомни дека токму таа страна треба да ја залепи на гаќите. Посочете дека крилцата се виткаат кон назад и тогаш лепат на гаќите. Користете модел за демонстрирање (гаќи и чиста влошка) за да го претставите движењето, односно лепењето на крилцата. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.
10. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека хартијата мора да се тргне за да крилцата се залепат на гаќите. Демонстрирајте го одлепувањето на хартијата од крилцата.
9. Ставање влошка
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка опишете ја страна на која се наоѓаат крилцата како предна. Исто така, можете да наведете дека крилцата се наоѓаат врз или на влошката. Посочете дека има две крилца, едно од левата, друго од десната страна.