Вештини за здравје и благосостојба

Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support 

Thematic Area Description

Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support 

Thematic Area Quiz Description
How well do you handle peer-pressure, make good decisions, and deal with social media? Do you know how to find support?

8. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Како следен чекор претставете го одлепувањето на влошката од гаќите. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка детално опишете ги движењата, каде една рака ги држи гаќите, а другата рака ја одлепува влошката. Користете модел за демонстрирање (гаќи со залепена влошка, на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно држењето на гаќите со една рака и одлепувањето на влошката со друга рака. Демонстрирањето можете да го изведете на Вас или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка применувајќи техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

7. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Како прв чекор во менувањето на влошката наведете го одлепувањето на крилцата. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка објаснете дека со одлепување прво на крилцата, полесно ќе се извади целата влошка. Користете модел за демонстрирање (гаќи со залепена влошка, на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно одлепувањето на крилцата. Демонстрирањето можете да го изведете на Вас или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка применувајќи техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

6. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека кај менувањето на влошката Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка прво треба да ја одлепи влошката на која има крв, а потоа на гаќите да стави нова чиста влошка. Користете модел за демонстрирање (гаќи со залепена влошка, на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно спуштањето на гаќи, на кои има влошка со боја. Демонстрирањето можете да го изведете на Вас или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка применувајќи техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

5. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Исто така нагласете ја потребата од обезбедување на приватност при менување на влошката, односно затворање на врата и без присуство на друго лице во WC, освен кога и е потребна помош од друго лице за ставање на влошка (родители, членови на семејство, роднини). Кругот на лица кои од кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да побара помош и да и помогнат го одредувате Вие (родителите).

4. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете го WC како единствено место, просторија во домот, но и надвор од домот (училиште, трговски центар, базен, плажа, кафич и др.) во која Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да менува влошка.

3. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ставете ја влошката на гаќите (кои ги користите како модел за демонстрирање). На влошката капнете неколку капки од обоената црвена вода за да се претстави впивањето и улогата на влошката.

2. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека на некои девојки/жени им тече повеќе крв, додека на други девојки/жени помалку. Сепак се очекува да истече крв колку што 10 мали лажици можат да соберат вода. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка во една чаша ставете 10 мали лажици обоена црвена вода (приближна боја на крвта) за да може Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја визуелизира количината на крв која треба да истече за време на менструацијата. На овој начин се намалува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да стекне погрешна информација дека за време на менструацијата тече постојано и многу крв.

1. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка нагласете дека менструацијата трае неколку дена, најмногу една недела. Бројот на денови на траење на менструацијата асоцирајте ја со активности кои неа и се познати и траат колку што трае нејзината менструација (од понеделник до петок, колку што одиме на одмор, колку што денови одиш во училиште, дневен центар и сл.). Важно е да нагласите дека откако ќе поминат тие неколку дена, крвта престанува, за да не добие погрешен впечаток дека постојано излегува крв од вагината. Во текот на менструацијата користете календар за обележување на менструалните денови. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка одберете симбол со кој ќе ги означувате тие денови (слика од влошка, смајли и сл.). На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да ги визуелизира деновите кои преостануваат до крајот на менструацијата, односно да знае уште колку денови треба да носи влошка.

20. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку постојат и други личности со кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да зборува за ставање на влошка и може да побара помош од нив (член на семејство, роднина, блиско опкружување) наведете ги и нив. Важно е сепак да се ограничи кругот со кои луѓе може да зборува на конкретната тема и од кои може да побара помош при ставање на влошка. Охрабрете ја Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на почетокот на првите менструални периоди да носи потемна облека, на која нема да биде видлива дамка од крв, доколку се случи изместување на влошката или протекување на крв на облеката. На овој начин се намалува можноста од непријатни ситуации во јавноста (училиште, надвор од домот и др.).

19. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Појдете заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка во блиската продавница или аптека и купете влошки. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка објаснете во кој дел од продавницата или аптеката се наоѓаат влошките (кај средствата за хигиена, шампони, сапуни и сл.). Исто посочете дека влошките може да бидат различни според големина и може да бидат спакувани во различни пакетчиња. Споредете големи влошки (ноќни) со просечни/мали (секојдневни) влошки. Согласно моменталните потреби на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка одберете соодветен вид на влошки.