8. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
Menstruation
Како следен чекор претставете го одлепувањето на влошката од гаќите. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка детално опишете ги движењата, каде една рака ги држи гаќите, а другата рака ја одлепува влошката. Користете модел за демонстрирање (гаќи со залепена влошка, на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно држењето на гаќите со една рака и одлепувањето на влошката со друга рака. Демонстрирањето можете да го изведете на Вас или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка применувајќи техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

Ја одлепувам влошката од гаќите.

Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/8_0.jpg

Add new comment