Image tooltip text
Нагласете дека е многу важно завитканата влошка да се фрла само во корпата за отпадоци. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека во спротивно, доколку завитканата влошка ја фрли во шољата, таа ќе се затне. Доколку во WC нема корпа за отпадоци, тогаш посочете ја просторијата во која има корпа за отпадоци, во која може да ги фрли опаковката и хартијата (кујна, надвор пред влезна врата, двор и сл.). Користете модел за демонстрирање (завиткана влошка со обоена вода во тоалетна хартија) за да го претставите движењето, односно фрлањето на завитканата влошка во корпата за отпадоци. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.