Вештини за здравје и благосостојба

Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support 

Thematic Area Description

Handling peer-pressure, making good decisions, dealing with social media, and how to find support 

Thematic Area Quiz Description
How well do you handle peer-pressure, make good decisions, and deal with social media? Do you know how to find support?

8. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Допрете ја лепливата страна од влошката на раката на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Така таа ќе почувствува дека таа страна лепи и полесно ќе може да запомни дека токму таа страна треба да ја стави на гаќите. Демонстрирајте го лепењето на влошката на гаќите. Можете визуелно да го обележите делот на гаќите каде влошката треба да биде ставена (конец, маркер и сл.) на почетокот и на крајниот дел каде влошката завршува на гаќите. Така Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може полесно да процени каде точно треба да ја постави влошката на гаќите. Користете модел за демонстрирање (гаќи и чиста влошка) за да го претставите движењето, односно лепењето на влошката на гаќите. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

7. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека хартијата од влошката мора да се тргне, за да може влошката да се залепи на гаќите. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка опишете ја лепливата страна како „задна страна“ или „позади влошката лепи“ или „позади влошката е леплива“.Користете модел за демонстрирање (отворена влошка) за да го претставите движењето, односно одлепувањето нахартијата. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

6. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека влошката е спакувана во опаковка за да се заштити од прашина и валкање, односно дека опаковката ја чува влошката чиста. Бидејќи само чиста влошка треба да се стави на гаќите, не валкана. Користете модел за демонстрирање (спакувана влошка) за да го претставите движењето, односно вадењето на опаковката од влошката. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

5. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
На самиот почеток на секоја менструација покажете го полното пакетче со влошки Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка или заедно избројте колку влошки има во отвореното пакетче. Со секое следно користење на влошките бележете уште колку остануваат. На тој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе добие визуелна претстава за користењето на влошките за време на менструацијата. Користете модел за демонстрирање (пакетче влошки) за да го претставите движењето, односно вадењето на една влошка од пакетчето. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

3. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Исто така нагласете ја потребата од обезбедување на приватност при ставање на влошката, односно затворање на врата и без присуство на друго лице во WC, освен кога и е потребна помош од друго лице за ставање на влошка (родители, членови на семејство, роднини). Кругот на лица кои од кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да побара помош и да и помогнат го одредувате Вие (родителите).

2. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете го WC како единствено место, просторија во домот, но и надвор од домот (училиште, трговски центар, базен, плажа, кафич и др.) во која Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да става влошка.

1. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка веќе наместена влошка на гаќи. На тој начин таа ќе види како изгледа влошка наместена на гаќи, односно ќе го види крајниот резултат кон кој се цели во приказната– правилно ставање на влошка на гаќите. Дополнително посочете како влошката спречува крвта од вагината да капне на гаќите, односно претставете ја како бариера.

25. Бањање

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку има и други лица кои обезбедуваат поддршка при бањање на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка наведете ги и нив (баба, дедо, сестра, брат и сл.)