Допрете ја лепливата страна од крилцата на раката на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Така таа ќе почувствува дека таа страна од крилцата лепи и полесно ќе може да запомни дека токму таа страна треба да ја залепи на гаќите. Посочете дека крилцата се виткаат кон назад и тогаш лепат на гаќите. Користете модел за демонстрирање (гаќи и чиста влошка) за да го претставите движењето, односно лепењето на крилцата. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.
Крилцата од влошката ги лепам на гаќите под влошката.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/11.jpg