16. Ставање влошка

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
Menstruation
Нагласете дека е многу важно опаковката и хартијата од влошката да се фрла само во корпата за отпадоци. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека во спротивно, доколку истите ги фрли во шољата, таа ќе се затне. Доколку во WC нема корпа за отпадоци, тогаш посочете ја просторијата во која има корпа за отпадоци, во која може да ги фрли опаковката и хартијата (кујна, надвор пред влезна врата, двор и сл.). Користете модел за демонстрирање (хартија од влошка) за да го претставите движењето, односно фрлањето на хартијата и опаковката од влошката. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

Во корпата за отпадоци ја фрлам опаковката и хартијата од влошката.

Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/16.jpg

Add new comment