Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека една линија значи дека тестот е негативен, односно дека девојката не е бремена.
Различни тестови за бременост, во упатството за употреба, имаат наведено различно време потребно за тестот да покаже резултати. Во најголем број потребни се 3 минути за добивање на резултати. Сепак нагласете дека се потребни неколку минути, пред да може да се видат резултатите на тестот.
Доколку сте во можност симулирајте го опишаниот процес. Во чаша наполнета со вода потопете предмет, кој наликува на тестот за бременост (стапче, молив и сл.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека тестот за бременост треба да стои потопен во урина неколку секунди (5-7 секунди) и потоа треба да се извади.
Опишете го тестот за бременост како стапче. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека тестот на едниот крај има капаче, кое се отвора и внатре има лента.
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете дека за време на бременоста во јајцеводите на девојката нема јајце клетки и следствено нема исфрлање на истите преку менструалната крв, односно нема менструација. Исто така, можете да го поедноставите објаснувањето со нагласување дека кога во матката има бебе, девојката нема менструација.
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека јајце клетката и сперматозоидот мора да останат внатре во матката, за да може од нив да почне да се развива бебе. Доколку јајце клетката и сперматозоидот излезат од матката низ вагината нема да се направи бебе во матката на девојката.
Посочете дека јајце клетката и сперматозоидот, откако се споиле, заедно патуваат од јајцеводот до матката. Со прст покажете го нивниот заеднички пат на илустрацијата.
Нагласете дека сперматозоидите на момчето се натпреваруваат кој прв ќе ја најде јајце клетката на девојката. Тој сперматозоид што ќе ја најде прв, само тој ќе може да влезе во јајце клетката. Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да разбере дека сперматозоидот и јајце клетката се спојуваат, односно дека сперматозоидот влегува внатре во јајце клетката.
Покажете ги на илустрацијата сперматозоидите, како и матката низ која се движат. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека бројот на сперматозоиди е многу поголем д претставениот на илустрацијата. Се со цел да може појасно да се види како патуваат, односно се движат сперматозоидите.