12 - 18

27. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека, низ вагината, прво излегува главата на бебето. Покажете ја главата на бебето, претставена на илустрацијата. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете да наведете дека некогаш може да се случи прво да излезе задникот на бебето, но дека тоа се случува многу ретко.

25. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете временски период од 9 месеци, кој нему му е познат, за да може да добие претстава колку долго бебето се развива во матката на девојката пред да се роди (една учебна година, набројте 9 месеци, три годишни времиња и сл.). Доколку сфаќањето на траењето на 9 месеци претставува предизвик, тогаш наведете дека бебето ќе се роди кога ќе биде доволно големо.

24. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека секоја девојка се дебелее различно за време на бременоста, односно некоја повеќе, некоја помалку. Но, сепак бидејќи бремената девојка или жена мора да јаде малку повеќе, поради бебето, често доаѓа до нејзино дебелеење.

23. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
На сликата посочете ја разликата во големината на градите. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник појаснете дека градите на десната слика се зголемени, бидејќи се подготвуваат за нивната функција откако ќе се роди бебето-доење.

22. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека лошењето, гадењето и повраќањето се јавува како резултат на бебето кое почнува да се развива во девојката. Исто така, наведете дека не сите девојки ќе ги имаат овие тегоби. Доколку во местото каде живее Вашето дете/ученик/роднина/корисник се користат други термини за лошењето, гадењето и повраќањето употребете ги нив.

21. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник претставете ја папочната врвка како цевка, преку која девојката му дава храна на бебето, потребна за неговиот развој.

20. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Разгледајте го растот на бебето според месеци, претставен на илустрацијата. Дополнително заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник направете споредба на големината на бебето и стомакот на девојката во 1-2 месец со 7-9 месец, за да ја воочи разликата, односно дека постепено бебето расте во матката на девојката.

19. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека и преку крвта на девојката може да се дознае дали таа е бремена. За да дознае девојката треба да оди на лекар или во лабораторија, каде ќе и извадат крв од рака. Вадењето на крв од рака поврзете со претходно искуство на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (доколку е позитивно) за да сфати дека постапката е иста.

18. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека докторот/докторката најсигурно може да каже дали девојката е бремена или не. Доколку тестот за бременост е позитивен девојката мора да отиде на доктор, за тој/таа да потврди дали девојката е бремена. Исто така можете да ја опишете постапката на преглед, односно дека докторот/докторката со еден апарат (ЕХО) го допира стомакот на девојката или со него влегува во вагината на девојката, за да види дали во матката почнало да се развива бебе.