12 - 18

7. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ги претставените локации на илустрацијата во блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, како блиска аптека, продавница или бензинска пупма од која може да се купат кондоми. На овој начин му посочувате примери на Вашето дете/ученик/роднина/корисник од конкретни места од кои може да се купат кондоми. Доколку сте во можност можете заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник да појдете во блиската продавница, аптека или бензинска пупма за да му покажете во кој дел од продавницата, аптеката или бензинската пупма се наоѓаат кондомите.

5. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Потенцирајте ја важноста од правилно местење на кондомот, односно дека кондомот мора да биде правилно наместен на пенисот за девојката да не остане бремена.
применува модел како замена на пенис, односно не ја разбира поврзаноста меѓу пенисот и моделот, тогаш единствен начин на демонстрирање е да му ги објасните чекор по чекор движењата на Вашето дете, применувајќи ги илустрациите, за да тој се обиде тие чекори да ги примени на себе, односно да се обиде да стави кондомот на својот пенис.

4. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Бидејќи кондомот е направен од гума, истиот може да го именувате и со терминот „гумичка“, доколку поимот „кондом“ е тежок за изговарање. Важно е да нагласите дека кондомот се става на пенисот, која мора да биде тврд, бидејќи во спротивно не може да се стави кондомот. Исто така, важно е да го потенцирате времето кога се става кондомот, односно пред пенисот да ја допре или влезе во вагината. Посочете дека пенисот не треба да ја допре или да влезе во вагината, ако на него нема кондом.

3. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да нагласите дека момчето и девојката може да имаат секс, а девојката сепак да не остане бремена. При воведување на поимот „кондом“, доколку истиот е тежок за изговарање, тогаш можете истовремено да го користите и терминот „гумичка“. Користете ги и двата поими истовремено. На тој начин, доколку поимот „кондом“ не може да го изговори Вашето дете/ученик/роднина/корисник, сепак ќе го асоцира со поимот „гумичка“. Доколку во местото каде живее Вашето дете/ученик/роднина/корисник се користат други синоними за кондом, освен наведените, споменете ги и нив.

2. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Иако чинот на сексуален однос е детално опишан во една од претходните приказни „Сексуален однос“, сепак повторно нагласете дека внесувањето на пенисот во вагината претставува сексуален однос/секс. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја запомни таа информација, за да може следствено да го разбере процесот на спречување на бременост. Доколку е потребно поедноставете ја реченицата „Ако немаат секс“ во „Ако пенисот не влезе во вагината на девојката“, за да може Вашето дете/ученик/роднина/корисник да го сфати концептот на немање секс.

1. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Иако во претходните приказни начинот на создавање на бебе е детално прикажан, сепак уште еднаш нагласете, повторете дека бебе настанува со спојување на сперматозоидот од момчето и јајце клетка од девојката. Потоа посочете дека токму тоа спојување треба да се спречи, за да не настане бременост, односно девојката да не остане бремена.

30. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да нагласите дека бебето, кога ќе се роди, не може/не знае само да се грижи за себе (да се храни, да оди, да се пресоблекува, да оди и сл.). Затоа за него треба да се грижат неговите родители (мајка и татко), односно тие да го хранат, пресоблекуваат, бањаат и сл. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете да наведете дека кога бебето ќе порасне поголемо, тоа ќе почне полека да учи како да оди, зборува, да јаде само и сл.

29. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека бебето може да излезе и од стомакот. Важно е како информација да знае дека бебето може да излезе или од вагината на девојката или од нејзиниот стомак.

28. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте ги деловите на телото на бебето кои излегуваат од вагината, откако ќе излезе прво главата (вратот, раце, гради, стомак и нозе).