Важно е да нагласите дека момчето и девојката може да имаат секс, а девојката сепак да не остане бремена. При воведување на поимот „кондом“, доколку истиот е тежок за изговарање, тогаш можете истовремено да го користите и терминот „гумичка“. Користете ги и двата поими истовремено. На тој начин, доколку поимот „кондом“ не може да го изговори Вашето дете/ученик/роднина/корисник, сепак ќе го асоцира со поимот „гумичка“. Доколку во местото каде живее Вашето дете/ученик/роднина/корисник се користат други синоними за кондом, освен наведените, споменете ги и нив.
Има и начини јас и мојата девојка да имаме секс и мојата девојка да не остане бремена.
Кога јас и мојата девојка ќе имаме секс ќе треба да користиме кондом.
Така мојата девојка нема да остане бремена.
Некои луѓе кондомот го викаат презерватив, гумичка, куртон, заштита.
Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуално и репродуктивно здравје
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/3_6.jpg