8. Што е непријатно
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (стои меѓу многу луѓе, не се смее, не и е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да не се допира до другите луѓе, стисната стои на едно место и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка била меѓу многу луѓе. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие се наоѓате меѓу многу луѓе-гужва. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице и тело кога таа стои меѓу многу луѓе. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.