Врски

Navigating relationships with friends, family and partner

Thematic Area Description

Navigating relationships with friends, family and partner

Thematic Area Quiz Description
How well can you navigate relationships with friends, family and partner?

5. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката (стои блиску до мајката, главата е наведната кон неа) и лицевата експресија. Нагласете дека сето тоа покажува дека на девојката и е пријатно што мајка и ја гушка.

4. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека докторот или докторката исто така може да ги допрат приватните делови на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка, кога е на преглед кај нив. Нагласете дека тоа е во ред и дека на тој начин докторот или докторката можат да и помогнат на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да биде здрава или да оздрави, доколку е болна или има болка.

3. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека на девојката и е потребна помош од татко и при бањање и токму затоа девојката се чувствува пријатно, односно стои мирно и дозволува татко и да и помогне. Доколку и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е потребна помош при бањање споредете ја таа ситуација со илустрацијата. Исто така, доколку во семејството има и други лица кои обезбедуваат поддршка при бањање на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги и нив (баба, дедо, брат, сестра или сл.).

2. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека на девојката и е потребна помош од мајка и при бањање и токму затоа девојката се чувствува пријатно, односно стои мирно и дозволува мајка и да и помогне. Доколку и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е потребна помош при бањање споредете ја таа ситуација со илустрацијата. Исто така, доколку во семејството има и други лица кои обезбедуваат поддршка при бањање на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги и нив (баба, дедо, брат, сестра или сл.).

1. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката како опуштена и смирена (девојката стои до мајката и пријатно и е што се држат за рака). Исто така, нагласете ја лицевата експресија – насмевка.

13. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги сите ситуации, претходно дискутирани, во кои таа се чувствува неубаво/непријатно. Уште еднаш опишете ги лицевите експресии, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (девојчето е тажно, луто, не се смее, плаче, загрижена и сл.) кои таа ги има додека ги изведува/практикува претходно набројаните активности. Уште еднаш нагласете дека неубаво значи непријатно и обратно.

12. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (топло и е, не се смее, не и е убаво, има капки пот и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се лади и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е многу топло (кога е лето, кога е на плажа, кога грее силно сонце и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е топло. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа неговото лице и тело кога нејзе и е топло. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

11. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (многу е ладно, не се смее, не и е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се тресе, телото е собрано, згрчено, се обидува да се стопли и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е ладно (кога е зима, кога дува ветер, кога врне, кога има снег и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е ладно. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице и тело кога нејзе и е ладно. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

10. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (слуша многу гласна музика, не се смее, не и е убаво, ги покрива ушите и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне од местото каде има гласна музика и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка слуша гласна музика (училиште, концерт, ТВ, фестивал и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие слушате многу гласна музика. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа слуша многу гласна музика. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

9. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (стои меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно, не се смее, не и е убаво, ги покрива ушите и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне од луѓето и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка била меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно (училиште, ресторан, натпревар, концерт и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие сте меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа е меѓу луѓе кои многу гласно зборуваат. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.