Image tooltip text
Доколку сте родител (татко) применувајте природни ситуации за именување на тестисите, на пример при бањање, одење во тоалет, соблекување, облекување. На овој начин Вашето дете ќе има можност да ги види своите тестиси во природни ситуации. Откако текстот е прочитан посочете ги тестисите на Вашето дете „Ова се твоите тестиси.“, а потоа и Вашите тестиси преку облека „Ова се моите тестиси.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно можностите на Вашето дете можете да разговарате дека големината на тестисите кај момчињата и мажите е различна (мали,големи). Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашето дете, за да знае дека тестисите може да бидат именувани и со други имиња (јајца, мадиња, ташаци и др.).
Доколку сте родител (мајка) применувајте природни ситуации за именување на тестисите, на пример при бањање, одење во тоалет, соблекување, облекување. На овој начин Вашето дете ќе има можност да ги види своите тестиси во природни ситуации. Откако текстот е прочитан посочете ги тестисите на Вашето дете „Ова се твоите тестиси.“, а посочете и кој друг член од семејството има тестиси, на пример тато, бато, дедо итн. Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно можностите на Вашето дете можете да разговарате дека големината на тестисите кај момчињата и мажите е различна (мали,големи). Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашето дете, за да знае дека тестисите може да бидат именувани и со други имиња (јајца, мадиња, ташаци и др.).
Доколку сте професионалец (машко) и асистирате на корисникот при бањање, одење во тоалет, соблекување, облекување применувајте ги тие природни ситуации за именување на тестисите. Доколку не асистирате при извршување на наведените активности откако текстот е прочитан посочете ги тестисите на Вашиот ученик/корисник „Ова се твоите тестиси.“, а потоа и Вашите тестиси преку облека „Ова се моите тестиси.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно можностите на Вашиот ученик/корисник можете да разговарате дека големината на тестисите кај момчињата и мажите е различна (мали,големи). Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашиот ученик/корисник, за да знае дека тестисите може да бидат именувани и со други имиња (јајца, мадиња, ташаци и др.).
Доколку сте професионалец (женско) и асистирате на корисникот при бањање, одење во тоалет, соблекување, облекување применувајте ги тие природни ситуации за именување на тестисите. Доколку не асистирате при извршување на наведените активности откако текстот е прочитан посочете ги тестисите на Вашиот ученик/корисник „Ова се твоите тестиси.“, а посочете и кој друг член од семејството или опкружувањето има тестиси, на пример тато, бато, дедо, чичко, негувател итн. Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно можностите на Вашиот ученик/корисник можете да разговарате дека големината на тестисите кај момчињата и мажите е различна (мали,големи). Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашиот ученик/корисник, за да знае дека тестисите можат да бидат именувани и со други имиња (јајца, мадиња, ташаци и др.).