Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете го пределот на пазувите преку облека на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за него е познат (мишки, под рацете и сл.). Наведете дека тој предел може да биде мокар од потта. Натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност покажете пример на испотена облека на пазувите. Доколку не сте во можност натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Наведете дека и тој ќе се поти на пазувите и облеката на пазувите може да му биде мокра, како на личноста која ја посочувате како пример.