6. НЕПРИЈАТНИ ДОПИРИ
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае дека непријатни допири може да искуси од сите блиски луѓе, меѓу кои и роднините. Затоа е важно да се претстави оваа можна ситуација, за да истата биде препознаена доколку се случи. Ликовите на илустрацијата именувајте ги согласно роднините кои се присутни во опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (тетка, чичко, вујко, вујна, братучеди и сл.).
Опишете ја лицевата експресија (збунет, изненаден, лут и сл.) и поставеноста на телото (згрчен, се обидува да се одбрани и сл.) и нагласете дека токму од лицето и телото се гледа дали на момчето му е пријатно или непријатно.