12 - 18

6. ЗОШТО НОСАМ ОБЛЕКА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Користете ги секојдневните ситуации на соблекување и опишувајте го опкружувањето, односно условите во кои соблекувањето треба да се изведува. Наведете во која просторија се наоѓа, дека е потребно вратата да биде затворена и дека тој во просторијата треба да биде сам. Доколку има лица кои обезбедуваат поддршка при соблекување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете ги и нив, со објаснување дека во просторијата со него може да бидат само лицата кои Вие ќе ги наброите (баба,дедо, член на семејството итн.).

5. ЗОШТО НОСАМ ОБЛЕКА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку има и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник носи купаќи наведете ги истите со нагласување на функцијата на нивото носење – покривање на пенисот, тестисите и задникот.

4. ЗОШТО НОСАМ ОБЛЕКА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
При набројување на облеката и обувките кои се носат кога е ладно, можете да ги наведете облеката и обувките кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник често ги носи, а истите не се наведени во приказната.

3. ЗОШТО НОСАМ ОБЛЕКА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
При набројување на облеката и обувките кои се носат кога е топло, можете да ги наведете облеката и обувките кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник често ги носи, а истите не се наведени во приказната. Доколку поимот „жешко“ не му е познат, заменете го со термин кој го користи.

2. ЗОШТО НОСАМ ОБЛЕКА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
При набројување на местата каде се оди облечен, можете да ги наведете и местата кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник често ги посетува, а истите не се наведени во приказната.

14. ПРИВАТНИ ДЕЛОВИ НА ТЕЛОТО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник на сликата посочете ги именуваните делови. Доколку има и друго лице кое обезбедува поддршка на Вашето дете/ученик/роднина/корисник кое може да ги види пенисот, тестисите и задникот (приватните делови) на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете го и тоа лице. Дополнително набројте ги ситуациите во кои тоа лице може да ги види пенисот, тестисите и задникот (приватните делови) на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.