Важно е да се наведе дека таблетите за контрацепција ги пие девојката. Таблетите се пијат секој ден во исто време. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете да го искористите времето претставено на илустрацијата и да објасните дека секој ден наутро во 9 часот девојката треба да ја испие таблетата. Исто така, можете да примените и друга временска асоцијација која е подобра за временска ориентација на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како пред појадок, после појадок, после будење и сл.
Таблетите за контрацепција ќе ги пие мојата девојка.
Мојата девојка ќе пие по една таблета секој ден.
Важно е таблетата да ја пие секој ден во исто време.
Таблетата ќе може да ја пие секој ден во 9 часот наутро.
Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуално и репродуктивно здравје
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/9_8.jpg