Доколку постојат и други личности со кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да зборува за менување на влошка и може да побара помош од нив (член на семејство, роднина, блиско опкружување) наведете ги и нив. Важно е сепак да се ограничи кругот со кои луѓе може да зборува на конкретната тема и од кои може да побара помош при менување на влошка. Охрабрете ја Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на почетокот на првите менструални периоди да носи потемна облека, на која нема да биде видлива дамка од крв, доколку се случи изместување на влошката или протекување на крв на облеката. На овој начин се намалува можноста од непријатни ситуации во јавноста (училиште, надвор од домот и др.).
Сега знам како да сменам влошка.
Ако ми треба помош да сменам влошка ќе ги прашам мама и тато.
Мама и тато ќе ми помогнат да ја сменам влошката на гаќите.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/26.jpg