Што:
Во оваа приказна накратко се сумирани речиси сите информации од претходните неколку приказни, како „Пријатни допири“, „Непријатни допири“ и „Како ги допирам луѓето“. Преку претставување на видовите на врски (семејство, роднини, другари, познаници и странци) истовремено се објаснуваат и правилата на однесување во рамки на истите.
Зошто е важно:
Учењето на правила на однесување, конкретно за начини на допирање, во различни видови на врски е важно за да може Вашето дете/ученик/роднина/корисник да практикува социјално прифатливо однесување и да препознае можно насилство или злоупотреба. Почитувањето на социјалните правила на однесување во различни видови на врски следствено ќе придонесат за квалитетно вклучување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник во средината во која живее и зголемување на неговата/нејзината самостојност.
Кога е соодветно да се обработува приказната?
Обезбедувањето на информации за разлики меѓу пријатен и непријатен допир се препорачува во текот на раното детство (2-5 години). Оттаму и раното учење за соодветно однесување во различни видови на врски се препорачува да почне уште од мала возраст, преку користење на секојдневните ситуации.