Нагласете дека женските имаат женски репродуктивни органи или само женски органи, а машките имаат машки репродуктивни органи или само машки органи. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги и женските репродуктивни органи (вагина, матка, јајцеводи и јајчници) и машките (пенис, тестиси, семевод и уретра). Доколку изговарањето претставува тешкотија, тогаш само како машки или женски репродуктивни органи посочете ги на илустрацијата.
Има женски луѓе.
Има машки луѓе.
Женските луѓе имаат женски репродуктивни органи.
Женските имаат јајчници, јајцеводи, матка и вагина.
Машките луѓе имаат машки репродуктивни органи.
Машките имаат пенис, тестиси, семевод и уретра.
Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/13_3.jpg