Опишете ја лицевата експресија на момчето претставена на илустрацијата (стиснат нос, главата е свртена на другата страна, не му е убаво, не се смее). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник дискутирајте кога неговите пазуви мирисаат лошо (после трчање, вежбање, кога ќе се испоти,кога не е бањат). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник застанете пред огледало. Вие помирисајте ги Вашите пазувите и опишете ја Вашата лицева ескпресија (за непријатен мирис). Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ги помириса своите пазуви и да го опише изгледот на своето лице. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја практикува спонтано за да дискутирате како тој се чувствува и како изгледа кога пазувите му мирисаат лошо (при пресоблекување, мирисање на пазувите по одредена физичка активност, кога е испотен, кога е многу топло и сл.).
Не ми е убаво кога пазувите ми мирисаат лошо.
Кога пазувите ми мирисаат лошо мене ми е непријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е непријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/5_1.jpg