Нагласете дека машките имаат машки репродуктивни органи, меѓу кои најпознати и најлесни за помнење се пенисот и тестисите. Потсетете го Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека овие делови (пенисот и тестисите) се викаа и приватни делови на телото. Надоврзете дека истите тие приватни делови служат за создавање на бебе, поради што имаат и друго име - репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимот репродуктивни органи претставува тешкотија за Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите именувајте ги само како машки органи/машки делови/делови за создавање на бебе.
Јас имам машки делови на телото.
Мои машки делови на телото се пенисот и тестисите.
Машките делови на телото уште се викаат и репродуктивни органи.
Со машките репродуктивни органи може да се направи бебе.
Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-01/2_0.jpg