14. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
girls_puberty
Застанете пред огледало и посочете го пределот на пазувите преку облека на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за неа е познат (мишки, под рацете и сл.). Наведете дека тој предел може да биде мокар од потта. Натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност покажете пример на испотена облека на пазувите. Доколку не сте во можност натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Наведете дека и таа ќе се поти на пазувите и облеката на пазувите може да и биде мокра, како на личноста која ја посочувате како пример.

На пазувите се потам.

Затоа маицата кај пазувите може да биде мокра.

Тоа е во ред.

Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-01/14.jpg

Add new comment