3 Level-My body parts- page 22- male

Submitted by anikolovska on
Tags
Машко

Ногата има неколку делови: колк, надколеница, колено, подколеница, зглоб и стопало.

Колкот ја поврзува ногата со трупот. Колкот му овозможува на Лео да ја движи ногата во сите правци.

Под колкот се наоѓа надколеницата. Таа се вика надколеница бидејќи се наоѓа над коленото. Во надколеницата има мускули кои му овозможуваат на Лео оди и да скока.

Коленото се наоѓа на средина на ногата. Коленото ги поврзува надколеницата и подколеницата. Коленото му овозможува на Лео да ја витка ногата во сите правци.

Под коленото се наоѓа подколеницата. И во подколеницата има мускули кои му овозможуваат на Лео да ја движи ногата.

Под подколеницата се наоѓа зглобот. Зглобот е поврзан со последниот дел на ногата – стапалото. Зглобот му овозможува на Лео да го движи стапалото во сите правци.

Стапалото има пет прсти. Стапалото, заедно со целата нога, му овозможува на Лео да стои, скока, игра, оди и трча.

Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2020-09/22.jpg

Add new comment