На трупот подолу од градите Лео има стомак.
На стомакот има едно дупче кое се вика папок.
Пред да се роди Лео, кога бил во стомакот на мајка му, од папокот на Лео излегувала една врвка со која Лео бил поврзан со мајка му. Таа врвка се вика папочна врвка. Преку таа врвка мајка му му праќала храна во стомакот на Лео. Така додека Лео бил во стомакот на мајка му се хранел и растел.
Кога Лео се родил докторите ја пресекле таа врвката и го зашиле дупчето од каде таа излегувала. Токму тоа дупче е папокот.
Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2020-09/14_2.png