На главата Лео има нос.
Носот му овозможува на Лео да дише. Преку носот воздухот влегува во телото.
Носот ја регулира температурата на воздухот што се вдишува. Кога е потребно носот го лади воздухот, а кога е потребно го загрева воздухот. Така носот го прави воздухот, кој Лео го вдишува, пријатен за неговото тело.
Во носот има мали влакненца, кои спречуваат нечистотијата од воздухот да влезе во телото. Често токму нечистотијата која влегува во носот преку воздухот предизвикува Лео да кива.
Носот му овозможува на Лео и да мириса. Со носот Лео може да мириса различни миризби. Носот може да препознае повеќе од 1 трилион различни миризби. Некои миризби му се пријатни на Лео, како мирисот на неговото омилено јадење. Некои миризби му се непријатни на Лео, како мирисот на прдежот или ѓубрето.