12 - 18

17. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник опишете дека оваа инекција е различна од другите инекции кои ги става докторот или докторката. Другите инекции ги лекуваат луѓето, кога се болни, додека оваа инекција за контрацепција не дава да се создаде бебе.

15. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
На илустрацијата посочете ја спиралата, односно нејзината положба како е ставена во матката. Нагласете дека иако спиралата е внатре во матката сепак девојката не може да осети дека ја има внатре, односно не и смета. Потенцирајте дека спиралата не дава сперматозоидите да влезат во матката и така не може да стигна до јајце клетката и да влезат во неа. Или пак едноставно објаснете дека спиралата не дава да се направи бебе.

14. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да нагласите дека спиралата се става во матката на девојката. Исто важно е да потенцирате дека спиралата во матката може да ја стави само докторот/докторката. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник опишете дека девојката мора да отиде кај докторот/докторката (во болница, клиника или ординација) за тој/таа да ја стави спиралата во матката.

13. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Потенцирајте дека спиралата е голема колку еден прст, за Вашето дете/ученик/роднина/корисник да не создаде претстава дека спиралата е голем предмет. На овој начин Вашето дете/ученик/роднина/корисник полесно ќе сфати дека спиралата може да ја собере во матката на девојката.

12. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека таблетите за контрацепција може да се купат само во аптека. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека таблетите за контрацепција не може да се купат во продавница или бензинска пупма како кондомите. Доколку поимот „аптекарка“ претставува предизвик за изговарање и меморирање на Вашето дете/ученик/роднина/корисник применете друг поим кој ќе биде соодветен (продавачка во аптека и сл.).

11. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се наведе дека за купување на таблетите девојката мора да има рецепт од доктор/докторка. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник и претходното искуство можете да наведете дека тоа е рецепт како рецептите кои докторот или докторката ги дава за купување на таблети, апчиња или сирупи кога луѓето се болни.

10. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека таблетите не даваат јајце клетката да излезе од јајачниците, поради што сперматозоидите не можат да дојдат до неа и да влезат во неа. Или пак можете да примените поедноставна верзија од објаснувањето, дека таблетите едноставно не дозволуваат јајце клетката и сперматозоидот да се спојат и да се создаде бебе. Или пак дека таблетите едноставно не даваат да се направи бебе.

9. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се наведе дека таблетите за контрацепција ги пие девојката. Таблетите се пијат секој ден во исто време. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете да го искористите времето претставено на илустрацијата и да објасните дека секој ден наутро во 9 часот девојката треба да ја испие таблетата. Исто така, можете да примените и друга временска асоцијација која е подобра за временска ориентација на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како пред појадок, после појадок, после будење и сл.

8. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Освен кондомот наведете дека има и други начини на кои може да се спречи девојката да остане бремена. Еден таков начин се таблетите за контрацепција. Доколку поимот „контрацепција“ претставува предизвик во изговарање и меморирање на истиот, употребете термин кој ќе биде полесен за употреба на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (само таблети или само апчиња и сл.).