10. ШТО Е НЕПРИЈАТНО
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (слуша многу гласна музика, не се смее, не му е убаво, ги покрива ушите и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне од местото каде има гласна музика и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник слуша гласна музика (училиште, концерт, ТВ, фестивал и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие слушате многу гласна музика. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој слуша многу гласна музика. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.