Набројте ги роднините кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги има. Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашето дете/ученик/роднина/корисник преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.
Важно е да се понуди опција за начинот на кој комуникацијата може да продолжи меѓу Вашето дете/ученик/роднина/корисник и соговорникот, доколку соговорникот не сака да биде допрен. Разговор без допири е една од опциите.
Дополнете дека секој има право да каже не на допир. Споредете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека како тој што не сака некогаш да го допираат, така и другите луѓе некогаш не сакаат да бидат допирани. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте неколку можни причини зошто допирот во тој момент може да биде непосакуван од соговорникот (не е расположен, тажен е, не сака да го гушкаат и сл.).
Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашето дете/ученик/роднина/корисник преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.
Нагласете ја лицевата ескпресија на соговорникот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (збунет, изненаден, лут и сл.) и положбата на телото (наведната кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.). Посочете дека тоа е знак дека тој допир е непријатен за соговорникот и дека не сака да биде допрен (гушнат, бакнат и сл.).
Набројте и други места каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник оди често, за да може да се поистовети претставената ситуација (на пример: базен, трговски центри, кафич, ресторан и сл.).