Поврзете го поимот убаво со пријатно. Дополнете дека пријатно значи убаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (девојката е весела, среќна, задоволна,мирна, се смее и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога се чувствувате пријатно/убаво. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа се чувствува пријатно/убаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.
Кога ми е пријатно значи дека ми е убаво.
И на моето лице се гледа дека ми е пријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/1_1.jpg