3 Level- My body parts- page 19- female

Submitted by necheska on
Tags
Женско

Ногата има неколку делови: колк, надколеница, колено, подколеница, зглоб и стопало.

Колкот ја поврзува ногата со трупот. Колкот овозможува Ана да ја движи ногата во сите правци.

Под колкот се наоѓа надколеницата. Таа се вика надколеница бидејќи се наоѓа над коленото. Во надколеницата има мускули кои овозможуваат на Ана да оди и да скока.

Коленото се наоѓа на средина на ногата. Коленото ги поврзува надколеницата и подколеницата. Коленото овозможува на Ана да ја витка ногата во сите правци.

Под коленото се наоѓа подколеницата. И во подколеницата има мускули кои  овозможуваат на Ана да ја движи ногата.

Под подколеницата се наоѓа зглобот. Зглобот е поврзан со последниот дел на ногата – стапалото. Зглобот овозможува на Ана да го движи стапалото во сите правци.

Стапалото има пет прсти. Стапалото, заедно со целата нога, овозможува на Ана да стои, скока, игра, оди и трча.

Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2020-10/19.jpg

Add new comment