3 Level-My body parts- page 20-male

Submitted by anikolovska on
Tags
Машко

Раката има неколку делови: рамо, надлактица, лакт, подлактица, зглоб и шака.

Рамото ја спојува раката со трупот. Рамото има мускули кои му овозможуваат на Лео  да ја движи раката.

Под рамото на Лео се наоѓа надлактицата. Таа се вика надлактица бидејќи се наоѓа над лактот. Во надлактицата има мускули кои му овозможуваат на Лео со раката да крева предмети.

Лактот се наоѓа на средина на раката. Лактот ги поврзува надлактицата и подлактицата. Лактот му овозможува на Лео да ја витка раката во сите правци.

Под лактот се наоѓа подлактицата. И во подлактицата има мускули кои му овозможуваат на Лео да ја движи раката.

Под подлактицата се наоѓа зглобот. Зглобот е поврзан со последниот дел на раката – шаката. Зглобот му овозможува на Лео да ја движи шаката во сите правци.

Шаката има пет прсти. Со шаката Лео може да прави многу работи: да пишува, игра со топка, игра на компјутер, се облекува и многу други работи.

Objective
Knowledge
Тематска област
Човечкото тело и развој
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2020-09/20_1.png

Add new comment